Професорите по Физичка култура и образование од основните и средните уччилишта од Општина Охрид изминатиот викенд ја реализираа турата „Трпејчко поле“ која традиционално ја организираат после завршувањето на учебната година.
Околу 20-тина професори по 24-ти пат ја реализираа турата исполната со многу аквитности, дружење и забава. Сумирани беа впечатоците од организираните настани во текот на учебната година.
- Турата ја организираме се со цел да ја заокружиме учебната година и да сумираме сите што имаме направено. Исто така сакаме да им покажеме на младите какотреба да другаруваат и да ги користат природните убавини кои ги нуди Охрид и околината. – изјавија професорите по „физичко“.
Традицијата како што најавуваат професорите ќе продолжи и следната година во која ќе се одбележи сребрен јубилеј.
Фото-галерија:
OhridNews