На 8 септември (сабота) по повод Независноста на Република Македонија традиционално по 32-ри пат ќе се одржи Меѓународниот атлетски маратон од Свети Наум до Охрид во должина на 30 километри.

Здружението кое го организира еден од најстарите атлетски маратони најавува рекорден број на учесници и конкуренција како никогаш до сега. Од минатата година во склоп на „големиот“ маратон се одржува мал маратон на 5 километри именувам како „Независна трка“ и на него ќе учествуваат рекреативци и вљубеници во трчањето.

  • Чести и задоволство ние како членови на Здружението да го најавиме 32-то издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид. Стартот на маратонот останува ист во Св. Наум, а и целта која е во центарот градот. Изменет е почетокот односно место во 10 часот по барање на атлетичарите е поместен за 9 часот. Во склоп на маратонот од 30 километри ќе се одржи Независна трка во должина од 5 километри на која ќе учествуваат рекреативци и вљубеници во трчањето. – изјави Д-р. Милчо Стефаноски.

Околу техничкиот дел на трката збор зеде Ристе Трајкоски кој до сега нема пропуштено ниту еден маратон. Тој на сите претходни маратони учествувал во организацијата.

  • Бројот на луѓе во организацијата на маратонот се зголемува што мене лично многу ме радува. За регуларноста на трката ќе се грижат судии на повеќе контролни точки, а волонтери ќе има на неколку освежителни станици кои ќе бидат распределени по текот на трката и на целта. – истакна Трајкоски.

До сега пријавени за двете трки има околу 130 атлетичари, а до крајот на овој ден и утре се очекува бројката да надмине 150 што ќе преставува нов рекорд на пријавени учесници. Значаен новитет оваа година ќе биде преносот во живо кој ќе го работи Стојан Стојаноски.

Вкупниот награден фонд изнесува 2 400 евра, а награди има за најдобрите македонски атлетичари и за рекордите ако бидат срушени на патеката.

OhridNews