Во последните 24 часа направени се 5.990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Скопје  – 280, Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3,  Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (57г, 64г и 81г), две починати лица од Битола (46г и 80г) и по едно починато лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Регистрирани сe 298 оздравени пациенти од кои 6 во Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 1.597.512 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.049, бројот на оздравени пациенти е 211.846, на починати е 7.960, а бројот на активни случаи изнесува 5.243.

 

OhridNews