Станува збор за Дарко Јанчески кој бил брутално убиен во саботата со неколку истрели додека бил во дворот. Убиството го извршил човек на мотор, кој веднаш го напуштил местото откако испукал неколку пати во него, а еден куршум завршил во неговото срце.
Во нападот бил повреден и неговиот татко, кој бил очевидец на убиството. Според весникот, тој веднаш истрчал со метална шипка да се пресмета со моторџијата, но не успеал во намерата. Бил совладан и добил неколку повреди.
Ова е трет обид за убиство на Дарко. Првиот бил во ноември лани. Вториот неуспешен обид бил во јануари, кога бил ранет.
Македонецот до неодамна бил член на моторџиска банда од каде бил избркан. Според весникот Канбера тајмс, австралиската полиција го поврзува Јанчовски со истрагата за убиствата на Сашо Ристевски кој исто така беше убиен пред семејната куќа минатиот септември, како и со исчезнувањето на Горан Николовски, за кој се претпоставува дека е мртов, а неговиот запален автомобил беше пронајден минатата година. Тамошната полиција тврди дека овие тројца се познавале меѓусебно, но не ја соопштува нивната релација, пренесува Канал 5.