Денес се навршуваат 32 години од смртта на Јосип Броз Тито, некогашниот претседател на Сојузот на комунисти на Југославија и на СФРЈ.

Водачот на југословенските комунисти и доживотен претседател на поранешните држави на Југославија почина на 4. мај 1980 година во Љубљана, а погребан е во „Куќата на цвеќето“ на Дедиње во Белград.

Овој ден го одбележуваат почитувачи на Јосип Броз Тито од сите краеви на
поранешна Југославија.

OhridNews