Заклучно со денес вкупно 4783 граѓани не ја почитувале одлуката на Владата за ограничување на движењето, од нив вкупно 3110 се приведени од страна на полициските службеници. Вкупно до сега од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени вкупно 2632 кривични пријави за 3137 дела против 3412 сторители. Најголемиот дел од оваа бројка отпаѓа на територијата на главниот град и територијата на СВР Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните на општините кои потпапаѓаат под секторите за внатрешни работи Велес и Куманово“, информира на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Во однос на мерките за почитување на самоизолација и изолација министерот Чулев истакна дека се поднесени вкупно 127 кривични пријави за 156 кривични дела против 169 сторители, а вкупно 5030 лица до сега се спроведени во државен карантин. Посочи дека во врска со обврската за носење на лична заштита до сега се констатирани се вкупно 1973 прекршоци, а пак дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во изминатиот период постапувал по 57 случаи за говор на омраза поврзан со “ковид 19“, при што до сега до Основното јавно обвинителство поднесени 33 известувања и две кривични пријави.
Почнувајќи од 22-ри март, околу 70 дена граѓаните во различни периоди од денот имаа обврска да останат во своите домови. Како што рече министерот, граѓаните во најголем дел ги почитувале мерките на Владата.
Министерот Чулев порача дека и покрај намалувањето на рестриктивните мерки насочени кон справување со пандемијата, неопходно е и натаму да се задржи потребното ниво на одговорност и дисциплина и да се почитуваат мерките и одлуките на Владата кои се однесуваат на користење на задолжителна заштитна опрема, забрана за групирање и држење на дистанца.
OhridNews