Денес се навршуваат 31 година од смртта на Јосип Броз Тито, некогашниот претседател на Сојузот на комунисти на Југославија и на СФРЈ.

Во текот на денот неговите соработници и следбеници од сите краеви на поранешна Југославија ќе ја одбележат смртта на Тито со положување на цвеќе, а ќе биде оддадена почит во „Куќата на цвеќето“ во Белград.

Водачот на југословенските комунисти и доживотен претседател на поранешните држави на Југославија почина на 4. мај 1980 година во Љубљана, а погребан е во „Куќата на цвеќето“, на Дедиње во Белград.

Ohridnews
извор: Makfaks