Министерството за животна средина, територија и води на Република Италија и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, на 20-ти декември 2006 во Рим потпишаа Анекс на Меморандумот со кој на нашето министерство се доделени 300.000 евра, средства наменети за изработка на физибилити студии, идентификација на проекти и конкретно развивање на проекти од областа на чистото производство.

Анексот на Меморандумот го потпишаа Главниот секретар во италијанското министерство, Корадо Клини и државниот секретар за животна средина и просторно планирање на РМ, Дејан Пановски.

Овој договор ќе овозможи понатамошно вложување во механизмите за развивање чисто п-ство согласно Протоколот од Кјото, што пак ќе биде можност за позитивно влијание на инструментите за заштита на животната средина врз економскиот развој.

Информацијата е добиена од
Министерство за животна средина и
просторно планирање на РМ