„Нашите сознанија се дека во последните децении изловот е од 11 до 15 тони“ рече директорот на институтот за сточарство, д-р Боне Палашевски, кој напомна дека досега Охридското Езеро се порибуваше со по 750 килограми јагула годишно. Со изградба на хидроцентралите „Глобочица и „Шпилје“ на реката Црн Дрим во 1970 година, прекинат е природниот пат на јагулата која се мрестеше во Сарагасовото море. Оттогаш наваму Охридското Езеро вештачки се порибува со јагула, а подмладокот го обезбедува ЕСМ, односно по приватизацијата ЕЛЕМ.
Охридското Езеро порибено со јагула
„Јагулата има своја приказна во Македонија и таа приказна треба повторно да заживее и да остане дел од традицијата и туристичката понуда“, истакна државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски. Тој информираше дека МЖСП секоја година издвојува средства за порибување на Охридското Езеро со јагула и пастрмка.
јагулата треба да остане дел од македонската традиција-Дејан Паноски
Охридското Езеро е единствено отворено езеро во светот кое вештачки се порибува со јагула.