Општина Охрид традиционално и годинава, на 10 јули, петок, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “ . Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на  улиците „ Илинденска“, „ Цар Самоил“ , „ Коста Абраш“ , „ Кузман Капидан“, „ Браќа Миладиновци“, „ Боро Шаин“, „ Христо Узунов“, „ Климентов Универзитет“, „ Петар Чаулев“, „ Димче Маленко“, „ Нада Филева“ и „ Аргир Маринчев“ .

Граѓаните од овие улици кои се заинтересирани за  жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „ Охридски комуналец“ на  10 јули (петок) од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

OhridNews