Новиот производ на луксузниот швајцарски производител Роман Џероми е часовникот „Day&Night“ кој чини вртоглави 300 милиони долари. Ако мислите дека часовникот покажува прецизно време, се лажете – тој на сопственикот му покажува кое време е од денот, односно како што кажува и самото име, дали е ден или ноќ.


„Првиот во светот – единствен часовник кој не покажува време! Без покажување на часови, минути или секунди Day&Night нуди нов пристап на мерење време, делејќи ја вселената на два фундаментални спротивни делови:ден и ноќ“, пишува на страните од Роман Џероми. „Авангарден пристап, кој е различен и вознемирувачки.“

Девет часовници, кои се претставени на Светскиот саем, се продадени во 48 часа. Часовникот е морално да го имаат  екстремно богатите.

Дури и Вол Стрит журналот овој часовник го нарече генијален. „Денеска сите можат да купат часовник кој покажува точно време, но малку се оние кои можат да си дозволат часовник на кој времето не му е примарна функција“, изјави директорката на РЏ.