Пејачката Мараја Кери заработи голема сума пари за само еден час појавување во една продавница во Њујорк, а за тие пари не морала ни да пее. Извор близок до весникот „New York Daily News“ откри како Мараја нагласила дека само ќе се појави пред публиката, додека за нејзиниот ангелски глас, во овој случај, присутните ќе останат ускратени. Неименуваниот извор додава дека нејзините обожаватели би биле пресреќни кога таа би настапила, но, и самото нејзино појавување е прилично важна работа.
Нагласено е дека Мараја имала специфична желба да ја претстават како Божиќна Кралица. Изворот коментира дека не морала апсолутно ништо да направи. Само да се појави, да ги поздрави присутните и тоа е се. Ако веќе се наоѓа во градот, зошто да не заработи лесни пари кога и се нудат. Од продавницата „Пјер 1“ велат дека нема да ги коментираат бизнис деталите, но и дека се многу возбудени поради соработката со пејачката во празничниот период.