Првата лига-мажи оваа година ќе прослави јубилеј. Ќе се игра 30-та сезона од постоењето на независна македонска кошарка. Титулата ја брани МЗТ Скопје Аеродром, а меѓу 12 клубови првпат во прволигашката конкуренција ќе дебитираат скопските екипи Феникс 2010 и Ангели.

Новото издание на нашето најквалитетно клупско натпреварување носи натпревар на 12 екипи кои тргнуваат во обидот да бидат најдобри. Да се обидат да ја земат, или во случајов МЗТ Скопје Аеродром да ја задржи шампионската титула освоена во минатогодишното првенство, велат од КФСМ

 

Најголема конкуренција на МЗТ Скопје Аеродром, ќе биде екипата на Пелистер, вториот наш учесник во АБА 2 лигата. Ристерот кој го креираа „пелистерци“ треба да е своевидна гаранција за високи резултати.

Не смее да се заборави на Еуро Никел 2005, ланскиот „предизвикувач“ на металците“ во големото финале на плеј-офот, како и на Работнички, иако тимот од „Градски парк“ е во фаза на своевиден „ребилдинг“ на сите клупски нивоа. Во слична ситуација влезе и Гостивар, екипа во која исто така се случија доста промени на играчи, а и екипата на Куманово која заедно со ТФТ се обидоа во Европа. Извесно е дека во Аеродром размислуваат на уште поголем просперитет на МЗТ Скопје 2.

Тотално непознати се очекувањата за двата нови прволигаши, и покрај тоа што Феникс 2010 прикажа неколку добри игри на претсезонскиот турнир во Скопје, во кој стигна до финалето каде загубија од ТФТ, но и гевгелиски Кожув, кој сепак е во предност во однос на дебитантите во друштвото на најдобрите.

Гевгеличани имаат сосема солидна „домашна база“, па ќе се чека на некој исчекор од странските засилувања, добар дел од нив познати на нашата кошаркарска јавност која може да очекува доста веќе од првите натпревари кои се закажани за 2 октомври во рамки на првото коло :

14.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар.

Најтрофеен клуб со 15 титули е Работнички, пред градскиот ривал МЗТ Скопје Аеродром со осум, а низ историјата трофејот го освојуваа и Фени Индустри во четири наврати и по еднаш Никол Ферт и Струмица.

 

 

OhridNews