MВР распиша јавен оглас за прием на 600 нови полициски службеници. Триста полицајци ќе бидат примени во Скопје, 30 во Охрид, во Куманово 15, Штип – 35, Тетово – 20, Битола – 15, Струмица – 40, Велес -15, во Регионален центар за гранични работи Север – 25, во Регионален центар за гранични работи Запад- 20, во Регионален центар за гранични работи Исток – 20, во Регионален центар за гранични работи Југ- 15 и во Оддел за специјални полициски операции – 50 извршители.
Кандидатите треба да се да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, а да не наполниле 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование, активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да не се членови на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија, да имаат положено тест за интегритет…, се наведува меѓудругото во повикот од МВР.
Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе лично во секторите за внатрешни работи наведени во повикот.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување). Детални информации се објавени на страната на МВР.
Н.С.Ј.