30 нови тестови се испитуваат на Институтот за јавно здравје, информира министерот за здравје, Венко Филипче. Лицата кои се тестираат немаат симптоми, но испитувањата се дел од скринингот што се најави и се врши со цел рано откривање на заболените случаи, онаму каде што постои и минимален ризк.

Патниците од авионот што вчера пристигна од Брисел се тестирани и тестовите се негативни, а патниците се испратени на домашна задолжителна самоизолација.

Залихи на крв има доволно, како и тестови за коронавирус. Ќе се набавуваат и дополнително, според добиените информации од Светската здравствена организација-по 1000 дополнителни секоја седмица.

Министерот повторно повика на строго придржување на препораките со цел да се спречи наглото ширење и зголемување на бројот на заболени.

Во моментов бројот на заболени со коронавирус во земјава е 35 лица.

Т.К.