СДСМ денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе го одржи 30-тиот Конгрес.

Како што е најавено, на конгресот ќе се избира ново раководство на партијата и ќе се утврдуваат новите политики на СДСМ.

Денешниот, всушност ќе биде двоен Конгрес на СДСМ, бидејќи, пред редовниот треба да продолжи отчетниот конгрес на партијата на кој треба да се разгледа извештајот за лошите изборни резултати, кој претходно беше одложен.

Г.М.