Со пригодна свеченост, здружението на лекари од Охрид вечерва од 19 часот и 30 минути во хотелот „Инекс Горица“  ќе го одбележи 30-годишното постоење и 7 Април-Светскиот ден на здравјето.

Во рамките на програмата е предвидено стручно предавање на тема „Акутен инфаркт на миокардот“ што ќе го одржи доктор Никола Бакрачески.

Здружението на лекари  ќе го одржи и изборното годишно собрание, ќе расправа по извештајот за работа во 2008 година, а ќе ја усвои и годинешната програма за работа.
Вечерва ќе бидат доделени и награди и признанија на здравствените работници во општинава.

Меѓу поканетите на свеченото одбележување на двата настани се и преставници од министерството за здравство, од лекарската комора на Македонија, од македоснкото лекарско друштво, како и од локалната самоуправа. 

А. Р.