Основниот суд Скопје 1 им одредни мерка притвор на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски, управители и вработени во фирми кои се поврзуваат со него.
Притвор им е одреден на 19 од вкупно 23 лица осомничени за финансиски криминал и затајување на данок од околу 4 милиони евра.

Сопственикот на А1, Велија Рамковски два часа давал исказ пред истражниот судија, додека  дел од притворените се бранеле со молчење.