Вчера доцна попладне истражен судија му одреди мерка притвор во времетраење до 30 дена на Димитрија Митрески (1953г.) од с, Издеглавје, поради основано сомнение дека  завчера  со 39 убоди од нож во семејниот дом на улицата „Александар Турунџиев“ ја лишил од живот неговата сопруга Стојка Митреска.


улицата каде се случило убиството

Претходно осомничениот пред полициските службеници од СВР Охрид го негирал делото и им дал изјава дека кривичното дело го сторило друго лице. Спротивно на тоа, истрагата покажала дека Димитрија Митрески го сторил делото за кое се сомничи. Кај него, како шпто соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пронајдени се траги од крв на облеката. Исто така било утврдено негово присуство на лице место при извршување на кривичното дело, а пронајден бил ножот со кој било извршено делото. Истрагата утврдила дека осомничениот имал психичко растројство како и нарушени односи со сопругата.

ohridnews