На 11-то државно првенство во Кендо, јапонска боречка вештина, што за прв пат се одржа во сите категории., охридските кендоки имаа успешен настап.

Во пионерска конкуренција, Марко Петрески и Филип Петрески освоија награда „Борбен дух“, а во јуниори Благоја Башовски освои 3-то место.

Во сениори Александар Петрески стигна до четвртфинале и освои награда „Борбен дух“.

Сите натпреварувачи презентираа одлично Кендо и борбен дух. Ова е една успешна година за охридското кендо, изјави тренерот Александар Петрески

Во рамки на првенството се одржа и полагање при што Марко Петрески, Филип Петрески, Павел Ристески и Благоја Башоски се здобија со повисок степен (кју).

Г.М.