За кожата на вашите раце да биде секогаш мека, можете да користите маски кои сами ќе ги подготвите.

Наскоро ќе ни дојдат поладни денови, а за да спречите вашите раце да бидат суви, погледнете ги рецептите за домашни маски за кожа на раце:

1. Маска од маслиново масло: Измешајте во стаклен сад триесет капки етерично масло од чајно дрво и половина чаша маслиново масло. Маската нанесете ја на кожата од рацете и чувајте отприлика 1 час.

2. Маска од сирење. Две лажици крем сирење измешајте со две до четири лажици свежо млеко, а потоа додајте во смесата неколку капки маслиново масло. Измешајте и оставете ја маската да стои околу 10-20 минути. После тоа нанесете ја во еднаков слој на рацете и оставете ја на нив околу 1 час. Измијте ја со ладна вода.

3. Маска од алое вера. За хидратација на рацете се препорачува да се користи маска направена по овој рецепт: измешајте сомелени лисја од алое (во миксер или изрендани на ситно ренде) со половина зрела банана. После тоа нанесете ја маската на рацете околу половина час, па измијте со ладна вода или зелен чај.

извор:cromoda.com