Владата на Република Македонија, разгледувајќи ја Информацијата за активностите за подготовка на Закон за управување со културното и природното наследство на Охридскиот регион донесе заклучок да започне процес на изработка на студија за ревалоризација на Охридското Езеро.  За таа цел во Буџетот на РМ за 2010 година  ќе се обезбедат 3.000.000 денари за изработката на студијата за ревалоризација на Охридското Езеро.

– Ваквата поддршката ќе значи отворање на процес кој одамна беше потребен. Охридското Eзеро  е се посилно изложено на притисок следен од економските, социјалните и еколошките промени во регионот. Неговите вредност навистина можеби се вечни но треба квалитетно да се заштитат, изјави Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езерo.

Паноски објаснува дека во Студијата ќе се утврдат вредностите , ќе се изврши ревалоризирање и ќе се зацрта линијата на вредности која, како мшто вели,  не ќе смее ни да се помисли да се деградира.

– Направени се многу напори за да се заштити Охридското Езеро и не смее да се дозволи неартикулирани интереси да го доведат во опасност. Оваа Одлука на Владата дава надеж дека обединети науката, експертите и јавноста ќе победат во битката за заштитата на езерото и неговите вредности, додава Паноски.

Ohridnews