Како да нанесете подлога на лицето, а да го избегнете маска-ефектот? Послушајте ги советите на експертите кои ќе ја елиминираат можноста да изгледате „пренашминкано“

ЧЕКОР 1: Изберете вистински тип подлога

Користете производ што му одговара на вашето лице. Ако имате проблем со зголемено лачење маснотии, користете подлога што не содржи масла, а ако кожата ви е сува, изберете подлога со хидратантни состојки.

ЧЕКОР 2: Изберете соодветна нијанса

Игнорирајте ги називите на боите на пакувањата! Не постои личност што има “беж“ или кожа со “боја на слонова коска“. Изберете боја втривајќи од подлогата во виличниот дел на лицето (кожата на рацете има друга боја). Нанесете неколку подлоги на лицето, проверете ги боите на дневна светлина и купете ја онаа што најмногу ви одговара.

ЧЕКОР 3: Нанесете ја подлогата како професионалец

Ако станува збор за камена пудра, нанесете ја со мали кружни движења, со четкичка за подлога. Почнете од носот, па кон рабовите на лицето. Ако користите течна подлога, втријте ја со врвовите на прстите. Нивната топлина ќе овозможи рамномерно нанесување на подлогата во тенок слој. На крај, подлогата размачкајте ја со козметичко сунѓерче по целото лице.

И немојте да заборавите…

Прво да нанесете хидратантен крем

Нанесете го барем пет минути пред подлогата со што побрзо ќе се впие и нанесе, а со тоа ќе постигнете природен изглед на кожата.

Нанесете подлога и на вратот

Кога ќе ја нанесете подлогата на лицето, размачкајте ја малку од брадата кон вратот. Така ќе ја избегнете разликата меѓу бојата на лицето и на вратот.

Финализирајте со прав-пудра

По втривање на течната подлога, нанесете еден слој пудра во прав (или камена), со што ќе ја фиксирате подлогата и ќе избегнете појава на сјај во Т-зоната на лицето.

OhridNews
Извор:Убавина&Здравје