Извршниот одбор на УЕФА, на денешниот видео состанок расчисти некои важни дилеми околу националните првенства и постави краен рок за завршување на сезоната.

Последен датум за завршување на првенствата е 3 август. До тој рок, мора сите да завршат. УЕФА е подготвена да се прилагоди на резервни варијатни од федерациите, како што се плејоф или плејаут, или пак турнирски систем.

Важната дилема која е расчистена е пласманот на екипите во европските натпреварувања, во случај првенството да не продолжи. УЕФА е децидна, дека пласманот ќе се одреди по моменталниот изглед на табелата. Што значи, ако во Македонија се прекине Првата лига, во Лигата на Шампиони следната сезона ќе игра Вардар, додека Шкендија и Силекс ќе играат во Лигата на Еворпа.

УЕФА, одреди помош од дополнителни 70 милиони евра за фудбалските клубови кои имаат фудбалери кои настапиле за репрезентациите во квалификациите за ЕП.

Дополнителна помош од 200 милиони евра ќе добие Европското првенство кое се одложи за следната 2021 година.

OhridNews