Големиот попис на потомството на Дезмонд Хачет излезе на виделина откако завршил на суд поради неплаќање на алиментација. Иако многу од жителите во местото каде што живее велат дека треба да се кастрира, сепак тој ги теши дека не сака повеќе деца.


Работи за минимална плата, а изјавил дека ги знае сите имиња и годините на своите деца. Ги има од новороденче до 11-годишно дете. Иако најпрво сакале да му земат половина плата, сепак најверојатно ќе плаќа само два долари за една седмица за секое. Тој пред камерите се пофалил дека во една година забременил четири жени.