На улицата „7 ми Ноември“, вчера, во 13.30 часот, патничко моторно возило “БМВ“ со охридски регистарски ознаки управувано од 64-годишен охриѓанец удрило во 29-годишно лице од Охрид.
Како што информираат од МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој бил пренесен во болницата “Св. Еразмо“-Охрид.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.
OhridNews