Од вкупно 1837 направени тестови во последните 24 часа, во државата се регистрирани нови 613 случаи позитивни на Ковид-19, од кои 27 во Охрид, информираат од Министерството за здравство. Од таму додават дека во Институтот за јавно здравје се регистрирани 688 оздравени пациенти, 28 во Охрид, а 25 лица ја загубиле битката со коронавирусот.
Најголемиот број на новозаразени се во Скопје, вкупно 204 лица, по што следат Кавадарци со 38, Куманово-35, Тетово-29, Прилеп и Охрид со по 27, Гостивар и Велес по 24, Битола-23, Штип-20,Гевгелија и Струга по 19. По 15 новозаразени има во Неготино и во Свети Николе, 12 во Берово, 11 во Кочани и во Кичево, девет во Струмица, по осум во Крива Паланка и Радовиш, седум во Ресен, четири во Делчево, три во Пробиштип, по два во Валандово и Македонски брод, по еден во пехчево и Виница.
Од починатите лица, најмладиот е на возраст од 47 години (Струмица), а највозрасниот имал 87 години. Осум пациенти се од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103. Во Охрид од почетокот на епидемијата регистрирани се 2044 случаи, а активни се 620.
OhridNews