Советот на општина Охрид, утре со почеток во 10ч. ќе ја одржи 28-та седница.
На дневен ред ќе се најдат предлог одлуката за донесување Детален урбанистички план за дел од од У.Е.7-урбан модул 1 Охрид 2005-2010 година, како и предлог одлуката за донесување и дополнување на Деталниот урбанистички план за дел од населено место Пештани – урбан модул 1 општина Охрид 2005-2010 година.
Пред советниците ќе се најде и одлуката за усвојување на програмата за работа на на Советот на општина Охрид во 2007 година и извештајот за работа на Советот во 2006 година.
Советниците на утрешната седница се очекува да усвојат предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти, а на седницата ќе биде разгледана и информацијата за проектот АМПЕП.