Тешка механизација и не многу работна сила, деновиве работат на подобрување на инфраструктурата во пресрет на НАТО форумот кој кон крајов на месецов ќе се одржи во Охрид.

На пристапите кон хотелот Инекс Горица каде ќе се одвива пленарната расправа впечаток е дека работите како сеуште да го немаат потребниот интензитет. Кружниот тек кај Горица 2 сеуште се тампонира, проширувањето на пристапниот пат до хотелот  не е завршено, а во подготовка за асфалтирање е и просторот во Горица 3 каде треба да биде изграден паркинг за 600 автомобили.


ќе се работи до последен момент

Работниците од фирмите кои ги изведуваат градежните работи велат дека ќе се стигне на време и дека се’ тече според предвидената динамика. Деновиве кај Горица затекнавме и припадници на армијата кои ја косеа тревата и ниските растенија крај патот.


и војската на помош

Работите добија на интензитет на патниот правец Билјанини извори-Св. Стефан каде деновиве е ископан канал за поставување на инсталација за новото осветлување. Покрај тоа екипи на ЈП Охридски Комуналец и Македонија пат на овој простор ги средуваат земјените површини и парковите , а се работи и на  Туристичка и низ градот.


ќе се поставува ново осветлување

Откако ќе ги средиме земјените површини ќе се насадат растенија што ќе биде завршна фаза од уредувањето на зелените површини, вели директорот на јавното комунално претпријатие Боро Павлоски..

Сега сме во фаза на решавање на покрупните зафати, чистењето и досредувањето за жал ќе биде последните денови бидејќи со недисциплината на некои граѓани и поради недостаток на законска регулатива не можеме подолго време да го обезбедиме  потрбното ниво на хигиена во градот, објаснува Павлоски.

И покрај тоа што завршните работи околу дотерувањето зависат од другите работи кои се во тек Павлоски е оптимист дека ќе се стигне на време.  Средувањето на градот бара дополнителен ангажман на екипите на јавното комунално претпријатие, но најбитно е да се заврши задачата, за финансиските ефекти ќе зборуваме подоцна, вели тој.


во х.Инекс Горица ќе се одвива пленарната расправа

НАТО форумот кој се смета за најголем собир помеѓу два самити на алијансата ќе се одржи на 28 и 29 јуни. Најголемиот политички настан што некогаш го организирала државава ќе биде голем тест и за безбедниосните структури. Тие како и останатите служби вклучени во организацијата деновиве интензивно работат на реализација на нивните задачи. Организацијата на НАТО форумот е шанса Македонија да покаже дека има капацитет да организира големи настани што ќе влијае позитивно на одлуката на алијансата за прием на земјава во НАТО.

Г. Момироски