Нов клуб нов број на дресот на Горан Падев. Напаѓачот во Интер во наредните шест месеци ќе го носи дресот со бројот 27.

Бројот 27 доаѓа по датумот на роденденот 27 јули 1983,  а Пандев на овај 27 јули  ќе наполни и 27 години.

Претходно 19 беше заштитниот број на Пандев. Пет и пол години го носеше во дресот на Лацио, а добар дел од квалификациите за македонската рапрезентација Пандев ги одигра под тој број.

Во Интер дресот со бројот 19 е зафатен и тој му припаѓа на Естебан Камбијасо.

М.П.