Еден пекиншки милјардер платил дури 500.000 долари за 27 шишиња црно вино, што е досега највисока цена платена за овој вид на пијалок.
Анонимен купувач купил вино „Romanee Contij“ од различни години, ексклузивен Бургундец кој се произведува во само 450 пакети годишно.
Лондонските препродавачи на вино сметаат дека пола милион долари е досега највисоката цена платена за еден контингент вино, и се уверене дека човекот не ги купил како инвестиција, туку да ги испие.