Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи со КОВИД-19, 18 починати лица и 1.961 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство.

Од 1.543 новозаболени од Скопје се 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – 45, Прилеп – 44, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 31, Кочани – 29, Кичево – 28, Охрид – 27, Радовиш – 24, Штип – 20, Струга и Валандово – по 17, Свети Николе и Ресен – по 15, Гевгелија – 14, Делчево – 12, Крива Паланка – 10, Богданци – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 5, Кратово – 4, Берово – 2, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција.

Од 18 починати девет се од Скопје (63г, 72г, 72г, 73г, 74г, 78г, 79г, 85г и 90г), три од Прилеп (56г, 69г и 76г), две од Охрид (84г и 89г) и по едно починато лице од Битола (84г), Кичево (74г), Куманово (83г) и Ресен (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од 1.961 оздравен пациент од Охрид се 68, а во моментов активни се 257 случаи.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително осум починати лица, Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1). Починатите се на возраст од 41г до 81г. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 04.01.2021 – 29.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица 12 се целосно вакцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews