Бијонсе денеска припрема голем спектакл за белградската Арена, а во Белград пристигнала пред два дена со приватен авион. Веднаш потоа заминала на тонска проба, а со неа стигнала и целата нејзина екипа.
32 годишната актерка ја пречекале две комбиња за да ја превезат неа и нејзината екипа, а на турнејата ја пратат дури 27 камиони и 10 автобуси опрема.
По Белград, пејачката заминува во Загреб каде што ќе има концерт во среда, а за тоа имала и посебна листа барања кои организаторите мора да ги исполнат, како би била задоволна со услугата.
За себе сака само најдобро. И овој пат барала потполно бела гардероба и бел бекстејџ. Освен овие барања, на нејзиното мени ќе се најде морска риба, рижото и многу други домашни специјалитети.