Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово организира обука во хотелот Белведере во Охрид. На обуката што ќе трае до 11-ти овој месец ќе присуствуваат млади луѓе од 27 земји од Европа и Блискиот Исток.
На 9 мај, учесниците ќе ја презентираат културата на земјата од каде што доаѓаат, за чија цел ќе биде организирана и отворена вечер.
Проектот е финансиран од Европската комисија во рамките на програмата „Млади во акција“.
Ohridnews