Малезиската полиција за време на акцијата „Св. Валентин“, во раните утрински часови во неделата во хотелски соби уапсила 26 невенчани парови, за кои се сомнева дека конзумирале илегален предбрачен секс. Полицијата објавила дека се работи за луѓе на возраст до 30 години, кои биле фатени како ја делат собата со невенчаните партнери.
Малезиските власти секоја година за Свети Валентин спроведуваат слични акции, а на оние кои ќе бидат фатени на дело, им следува казна во вредност од 280 долари или 6 месеци затвор.