Во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19. Најмногу случаи се регистрирани во: Скопје-88, Охрид-13, Струга-11, Тетово-13, Прилеп-11.

Починати се 10 пациенти од кои двајца од Скопје (86 и 66г), еден од Куманово (72г), двајца од Штип (59 и 55г), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78г), еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти, од кои 26 се од Охрид.

Бројот на актвни случаи во Охрид изнесува 432.

OhridNews