Во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи на Ковид 19 и со ова бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

По градови: во Скопје има 4 новозаболени, во Куманово–11, во Прилеп – 3, Тетово-4, Велес–2, Кочани-1, Пробиштип-1.

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје на 79 годишна возраст, 58-годишен пациент од Велес, 67-годишен пациент од Прилеп и уште еден пациент од Скопје на возраст од 63 години.

OhridNews