Дваесет и шест години охриѓан(к)и грижата за својата убавина ја доверуваат на центарот за убавина „Силвија“, кој е меѓу првите во земјава. На 26-годишнината од постоењето “Beauty center Silvia” го промовираше новиот центар за убавина и комплетна нега на лице и тело, кој се наоѓа на улицата „Славеј Планина“, помеѓу гимназијата и Комерцијална банка. На роденденот и отворањето на новите простории на “Beauty center Silvia”, синоќа, присуствуваа голем број гости, клиенти и пријатели. Тоа беше повод да поразговараме со сопственичката на центарот Силви Пејчиновска, која за OhridNews открива колку охриѓанки и охриѓани се грижат за убавината, какви се третмани добиваат во “Beauty center Silvia”, кои се новитетите…

Кога започна приказната на “Beauty center Silvia”?

Силви: Салонот за убавина „Silvia“ е еден од првите пет кои се отворија во Македонија. Денес ја одбележуваме 26-годишнината од постоењето, а воедно и отворањето на новиот, поголем и полуксузен модерен центар за комплетна нега на лице и тело, кој на клиентите ќе им пружа современа услуга.

Колку охриѓани се негуваат, дали ве посетуваат припадници на посилниот пол, или само од понежниот?

Силви: Кај нас доаѓаат клиенти од најмала возраст до повозрасни, имаме клиенти кои се над 80-годишна возраст. Од пред десеттина години и припадниците на посилниот пол започнаа да се негуваат, што е навистина за пофалба.

Кои се’ услуги ги нуди “Beauty center Silvia”?

Силви: Имаме четириесеттина различни видови на третмани за нега на лице, врат и деколте. Во консултација со клиентот и наша стручна препорака и секако во зависност од типот на кожата, возраста и проблемот кој го решаваме, го одбираме соодветниот третман.

Применуваме најразлични видови третмани за нега на тело од типот на препаративна козметика, а во комбинација користиме соодветна апаратура за постигнување на максимален ефект, како што се кавитација, радиофреквенција, ендодермна масажа…

Имаме и инфрацрвена сауна за детоксикација и опуштање која придонедува за намалување на околу 600 калории во сеанса. Погодна е за бронхит, астма, реума, болки во кичмата, релаксација по замор, намалување на целулит и друго.

Работиме и депилации со восок за една употреба, педикир, маникир, професионална шминка, светкава украсна тетоважа, а се разбира застапени се и масажите на тело. 

Имате ли новитети?

Силви: Посебно би сакала да ја истакнам најновата масажа на лице и скалп “SPECIAL THERAY AYURVEDA SHIRODARA”, која ја воведуваме за прв пат во Македонија. Станува збор за индиска масажа стара 5000 години, која помага да се постигне рамнотежа на мислите, телото и духот.

По 26 години дали работите со иста енергија и љубов кон професијата?

Силви: Љубовта и желбата кон оваа работа не згаснува ниту по 26 години работење. Постојано професионално се надоградуваме, посетуваме специјализирани семинари, ги следиме новитетите и продолжуваме понатаму со уште поголем елан во новоотворениот “Beauty center”.

OhridNews