Околу 2500 храбри капачи запливаа во ледениот Атлански Океан на Кони Ајленд во Њујорк во ритуал кој традиционално се одржува на првиот ден од новата година во организација на „Polar Bear Club“. Повеќето капачи само кратко се задржале во водата која имала 5 сптепени целзиусови и потоа потрчале по пешкирите, прекривачите и топлиот чај припремен на брегот.

 

Сите пливачи кои влегле во морето добиле потврда за учествувањето од клубот основан во 1903 година кој гордо истакнува дека е најстар зимски пливачки клуб во Соединетите држави. Клубот всушност организира капење секоја недела во зимските месеци, но новогодишниот ден привлекува најголем број капачи спремни да се испробаат во улогата на поларните мечки.