2500 години затворска казна- предвидуваат италјанските медиуми за капетанот на италијанскиот луксузен брод „Коста Конкордија“, кој на 13-ти јануари претрпе несреќа крај бреговите на Тоскана.

Како што пренесува “Дејли телеграф”, оваа рекордно висока казна судот би можел да му ја изрече доколку се покаже како виновен за обвинението дека предвремено го напуштил бродот, пред да се спасат сите патници.

Скетино може да добие по осум години затвор за секој од 300-те патници кои останале на бродот. Освен тоа, може да добие и 15 години затвор за убиство од невнимание и 10 години за удирање на бродот во карпа.

Според првичните проценки во трагедијата животот го загубиле вкупно 32 лица, меѓу кои и исчезнатите.

Судот во Фиренца вчера ја промени одлуката за домашен притвор на Скетино и го врати во затвор, бидејќи смета дека постои опасност да избега или да манупулира со доказите пред почетокот на судењето.

OhridNews