Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 25 Декември 2008 година (четврток), првиот ден на Божиќ, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за верниците од католичка вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот.