Ричард Мекбрајд (37) и Џенифер Харви (41) уапсени се во Пенсилванија бидејќи имале секс на јавно место. Нив ги уапсиле дури 25 полицајци на велосипеди.Полицајците учествувале во манифестацијата “училиште за велосипеди“ за деца кога го виделе парот во акција.

– Ене се, таа е свиткана преку клупата а партнерот е позади неа, со спуштени пантолони – сликовито ја опишувал полицаецот Мајкл Цитвуд на своите колеги сцената од паркот пред апсењето. Тој мисли дека парот бил преплашен од многуте полицајци. Мекбрајд и Харвиева се обвинети за непримерно однесување но се пуштени со кауција од 30 000 долари па на слобода ќе го чекаат првото сослушување закажано за 10ти јули.