Во последните 24 часа се регистрирани 2.071 нов случај на КОВИД-19 од направени 6.010 тестови, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 1.450 пациенти, а починале 11 лица.

Од новите случаи, во Скопје се 1.047, Битола 178, Кавадарци 89, Куманово 73, Тетово 66, Гевгелија 63, Прилеп 47, Кочани 42, Велес 41, Гостивар 39, Неготино 37, Струмица 33, Кичево и Ресен по 28, Охрид, Берово и Валандово по 25, Делчево 24, Штип 22, Струга и Радовиш по 21, Свети Николе 14, Крушево и Демир Хисар по 11, Богданци 10, Крива Паланка 9, Македонска Каменица 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево по 6, Виница и Македонски Брод по 3, Демир Капија и Дојран по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.

Во Охрид во моментов има активни 607 случаи. Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од нив во Охрид 33.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица:  4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица, четири лица се целосно вакцинирани.

OhridNews