Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. 11 се од Скопје, 4 од Куманово, 1 од Тетово, 1 од Велес.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга на 58 годишна возраст и пациент од Скопје на 47 години. Двајцата долго време биле поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина 41-годишен пациент од Тетово хоспитализиран на 19 мај.
Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје 14, Куманово 2, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 2, Струга 1, Велес 1.
Досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.
OhridNews