Дваесет и пет кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во Охрид, што заврши пред осум дена. Од вчера започна интервјуирањето на кандидатите што ќе трае неколку дена, по што три члената партиска комисија ќе треба да даде препорака до највисокото партиско раководство за изборот на претседател на општинскиот комитет во Охрид.
Кој ќе биде замени на д-р Владо Стефаноски, кој заплива во пратеничките води, ќе се знае наскоро. Накоро ќе се знае и кој ќе биде кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори. Како што дознаваме од партиски извори, одлуката околу градоначалничкиот кандидат владејачката партија ќе ја донесе во ноември, откако ќе биде извршена опсежна сондажа на теренот.
Г.М.