Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.
Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната состојба по градови е:
Скопје – 401
Куманово – 320
Дебар – 51
Штип-32
Прилеп –112
Тетово – 52
Струга – 55
Велес – 55
Битола –17
Охрид –7
Кавадарци – 4
Гостивар –12
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 26
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0 и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода – 61 . Досега во земјата се направени вкупно 11556 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.
Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.ж
OhridNews