25 годишно момче од Берово почина откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница. На социјалните мрежи се огласија неговите најблиски.

„Само во нашата држава, само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па, да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години… СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веќе еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со „како е рекол Бог“…. Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно“, се вели во една од објавите посветени на прерано починатиот Јован.

Потврда за смртта на младото момче за Плусинфо стигна и од одговорното лице за односи со јавност во Клиниката во Штип, Марина Шуманска, која не сакала да ги открие деталите, односно причините поради коишто дошло до прераната смрт. Информира дека докторот треба да го подготви извештајот за смртта на младиот пациент и тој извештај ќе биде доставен и до медиумите, ама утре, наведуваат од Плусинфо.

OhridNews