На 1 мај пред 25 години во сообраќајна несреќа на трката „Имола“ во Сан Марино животот  го загуби бразилскиот пилот во Формула 1, Аиртон Сена.

Смрта на трикратниот освојувач на трофејот во Ф1 го шокираше целиот свет, а тогаш никој не остана рамнодушен на црната судбија која го снајде 34- годиншниот Бразилец.

Тој со својот болид „Вилијамс“ се удри во заштитната ограда на трката „Имола“ со брзина од 233 километри на час. Покрај страотниот удар тој останал сеуште жив, а според докторските наоди изгубил околу 4,5 литри крв што подоцна било причина за смрта.

Кариерата во Ф1 бразилскиот пилот ја почна екипата на Толеман 1984 година каде помина само една сезона. Потоа, замина во Лотус задржувајќи се три сезони (1985, 86, 87). Од тимот на Лотус, Сена се преселува во Меккларен и го прави најдобриот потег во кариера. Во првата сезона (88 година) ја освојува дебитанската титула, а во втората (89) завршува на втората позиција веднаш зад тимскиот колега Алан Прост. Следната сезона (90) Сена ја враќа титулата, а ја освојува уште еднаш (91 година) што е последна во неговата кариера. Наредните две сезони Сена не успеава да стигне до титулата, откако завршува на четвртата односна втората позиција, а 94-та година за него ќе биде последна и тоа само по одржани три трки.

Во богатата кариера (162 трки) Сена победуваше на 41,  на 65 ја освојуваше пол позицијата. Осумдесет пати завршуваше меѓу првите тројца, а вкупни освоил 610 поени во кариерата која имаше неславен крај.

OhridNews