Дваесет и пет илјади евра евра изнесува сумата која Општината Охрид ја издвои за помош на ракометниот клуб Охрид 2011 во дебитанската сезона во Суперлигашкото ракометно друштво.
– Искрено ми е задоволство што ја изгласавме оваа одлука за поддршка на ракометниот клуб Охрид. Но, ние како Општина нема да застанеме тука и секогаш ќе бидиме со сите клубови кои егзистираат на охридското тло – истакна советникот Сашо Донев.
Општината Охрид и бизнис заедницата во градот експресно реагираа на поканата од Ракометната федерација на Македонија за влез на Охрид во елитното ракометно друштво.
По два одиграни натпревари охридските ракометарите имаат биланс од една победа и еден пораз, а во третата рунда на домашен терен ќе се сретнат со Овче Поле.
Мх.П.