Вкупно 248 филмови пријавиле кандидатура за овогодинешното издание на доделувањето на Оскарите, соопштила Американската академија на филмските уметности и науката. За да може некој филм да влезе во конкуренција за ова престижно признание, мора да биде прикажуван најмалку седум дена по ред во Лос Анџелес и тоа најдоцна до 31 декември на полноќ.
Во соопштението на академијата се наведува дека номинациите ќе бидат објавени на 25 јануари, а дека свеченото доделување ќе биде одржано на 27 февруари во Кодак театарот во Холивуд. Свеченото доделување на наградите ќе се пренесува во повеќе од 200 земји низ целиот свет.